Локалниот младински Совет на Општина Кочани во соработка со волонтерите од Општинската организација на Црвен крст – Кочани, во петокот во Градскиот Парк во Кочани реализираа показна вежба за укажување на прва помош, со цел прикажување основни техники за укажување на прва помош во животозагрозувачки ситуации и доближување на првата помош до младите генерации.

На вежбата присуствуваа ученици од основните и средни училишта од општината, кадешто обучени волонтери укажуваа и прикажуваа техники на прва помош на симулирани случаи на повреди.

Првата помош е животоспасувачка техника која се укажува во случај на животозагрозувачка ситуација поради што од ЛМС – Кочани истакнаа дека симулациската вежба е од корист за младата популација.