Учениците на генерацијата од Кочани ќе заминат на седумдневен одмор во одморалиште во Паг, Република Хрватска. Ова е награда од Општина Кочани и градоначалникот Ратко Димитровски за нивните постигнати резултати во школувањето.
– Оваа година решивме најдобрите ученици да ги наградиме со бесплатно летување. Наградата е резултат на повеќегодишната соработка на нашата општина со хрватската Крижевци. На одмор ќе заминат петтемина најдобри ученици од основните училишта, ученикот на генерацијата од Основното музичко училиште и двајцата најуспешни од двете средни училишта, изјави Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности во Општина Кочани.
Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината ќе добијат и по 6000 денари.