Членови на Кризниот штаб за заштита и спасување и на Локалниот совет за превенција вечерва се сретнаа со граѓаните и здруженијата што го блокираат патот кон Градската депонија, за да им ги пренесат заклучоците по одржаниот итен состанок.

По долга дискусија беше договорено камионите на КЈП „Водовод“ да можат да го носат отпадот на депонијата.

Граѓаните што протестираат остануваат на барањето за повлекување на одлуката на Владата со која отпадот од другите општини се носи во Кочани и побараа градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов да го застапува ова нивно барање пред Министерството за животна средина.

Граѓаните најавија дека протестите на крстосницата кај селото Бели ќе продолжат.