Во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз – 2022“, во Градскиот парк се одржа културно-забавна програма на која настапија децата од четири и шестгодишна возраст од ДГ „Павлина Велјанова“, ученици од основните и од средните училишта во Кочани, членови на Студиото за модерни танци „Урбан кру“, најмладите состави од ФА „Мугри“ и КУД „Руен“, како и интерпретатори од фестивалот на детска песна „Музички бранови“.

На авторите ученици и на нивните ментори, учесници на литературниот и ликовниот конкурс на тема „Рака ориз – грст насмевки“ им беа доделени награди и признанија.

Во склоп на програмата концерт одржа „Зарина Првасевда“, а на штандови поставени во Градскиот парк беа изложени производи и изработки наменети за презентација и продажба. Со демонстрација на вежби и приказ на активности се претставија Извидничкиот одред „Ластовица“ и ОО на Црвен крст – Кочани.