Синоќа во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа четвртата едукативна средба од кампањата „Крени глас против врсничкото насилство“, наменета за родителите од Кочани, Виница и Берово.
На настанот учествуваа актерот Сашко Коцев, психолозите Деспина Стојановска и Марија Величкова, директорката на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово Наташа Аврамска, како и родители кои од личен агол даваа предлози за помош во решавањето на врсничкото насилство.
Се дискутираше за препознавање на знаците и методите за спречување на врсничкото насилство, влијанието на набљудувачите, како и за методите со кои може да се работи на градење на самодоверба кај дечињата. Беше констатирано дека кога е во прашање врсничкото насилство, само заеднички и преку отворена комуникација, може да се поттикнат промени на подобро.
Работилницата во Кочани е дел од општествено одговорната кампања на Макпетрол.