Во организација на Федерацијата на училишни спортови на Македонија и на Сојузот на училишниот спорт – Кочани на 5 мај во Спортската сала во Кочани се одржа Државното првенство во кошарка за девојчиња од основните училишта.

Во натпреварите учествува четирите најуспешни женски кошаркарски екипи од основните училишта: домаќинот – ОУ „Св. Кирил и Методиј“, „Лазо Ангеловски“ од Скопје, „Браќа Миладиновци“ од Пробиштип и „Св. Климент Охридски“ од Битола.

Во полуфиналните натпревари кочанските кошаркарки изгубија од битолчанки со резултат 29:36, а екипата на „Лазо Ангеловски“ беше поразена од „Браќа Миладиновци“ со 46:49.

Во големото финале ученичките од „Браќа Миладиновци“ ја совладаа екипата на „Св. Климент Охридски“ со 44:37 и се закитија со титулата државни прваци, а во борбата за третото место кошаркарките од „Лазо Ангеловски“ ги совладаа домаќинките со 27:40.