Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска во Штип учествуваше на завршниот настан за промоција на резултатите од активноста „Дигитализација на општинските услуги во Источниот плански регион“, во рамките на проектот „Пост-КОВИД: Општините како двигатели за одржливиот развој“, финансиран од УНДП и Бирото за регионален развој.
Со реализацијата на овој проект, жителите и компаниите во 11 општини добиваат пристап до дел од општинските услуги по дигитален пат преку имплементација на LoGeS – првиот софтвер за е-услуги на локално ниво во државата. Оваа активност претставува позитивен пример за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните преку проекти за меѓуопштинска соработка.
Платформата LoGeS обезбедува ист број и ист квалитет на е-услуги за граѓаните на сите општини без разлика на нивната големина, со што се почитува принципот на еднакви можности за сите граѓани.