В сабота, на 25 јули, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, концерт ќе одржи популарниот македонски метал-бенд „Хроматик поинт“.
Музиката што ја создава „Хроматик поинт“ претставува несекојдневен спој на енергичен метал и традиционални македонски фолк-елементи, а ја истакнува инструменталистичката и импровизирачката способност на четворицата млади музичари.
Концертот на „Хроматик поинт“ е содржина од манифестацијата „Топол кулутрен бран – 2015“ поддржана од Општина Кочани и од Министерството за култура на Република Македонија.