Во организација на Општина Кочани, во петокот навечер, на Споменикот на слободата концерт одржа групата „Нокаут“.
Во прекрасна атмосфера многубројната публика од различни генерации се забавуваше со најголемите хитови на популарниот македонски музички состав.
По повод празникот на Кочани, Петровден, беше приреден и огномет.