Во рамките на првиот ден од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2015“, на Летната сцена на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани концерт одржа Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“ од Скопје.
На првата вечерна содржина од манифестацијата, на присутните им се обрати претседателот на Советот на Општина Кочани, Јордан Димитров, кој го истакна значењето на оризот како симбол на овој крај, но и традицијата и културно-уметничките содржини што ќе следат во наредниот период.
Во рамките на концертот на КУД „Мирче Ацев“ настапи и оркестаорт на изворни инструменти „Мугри“ од Кочани.