По распишаниот јавен повик од страна на Иницијативниот одбор за формирање на Локален младински Совет на Општина Кочани  денес на ден 03.12.2024 година се одржа Kонститутивната седница на Локалното Собрание на млади на која Иницијативниот одбор за формирање на Локален Младински совет ги утврди членовите на Локалното Собрание на млади на Општина Кочани.

Локалното собрание на млади на Општина Кочани, го сочинуваат делегати предложени од девет младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување од општина Кочани.

Иницијативниот одбор ги разгледа овие пријави и сите 9 (девет) ги прифати, a како делегати на Локалното Собрание на Млади и нивни заменици се избрани:

  1. Ѓоко Наков делегат на Локалното Собрание на млади од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани- Политички подмладок
  2. Симон Стојков заменик делегат на Локалното Собрание на млади  од Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани- Политички подмладок
  3. Тамара Постолова делегат на Локалното Собрание на млади од Клуб за млади и спорт „Нико“
  4. Викторија Постолова заменик делегат на Локалното Собрание на млади од Клуб за млади и спорт „Нико“
  5. Кирил Мастев делегат на Локално Собрание на млади од Спортски клуб БК „Спартак“
  6. Јован Митев заменик делегат на Локално Собрание на млади од Спортски клуб БК „Спартак“
  7. Ана Карова делегат на Локалното Собрание на млади од „Интеракт“ – Младинска Организација
  8. Максим Арсов заменик делегат на Локалното Собрание на млади од „Интеракт“ – Младинска Организација
  9. Петар Манев делегат на Локално Собрание на млади од „Младинска локална Банка“ Младинска организација
  10. Стефан Ефремов заменик делегат на Локално Собрание на млади од „Младинска локална Банка“ Младинска организација
  11. Давид Христов делегат на Локално Собрание на млади од Здружение „Еднакви за сите“
  12. Иван Арсов заменик делегат на Локално Собрание на млади од Здружение „Еднакви за сите“
  13. Магдалена Алексова делегат на Локално Собрание на млади од Црвен Крст- Општинска организација Кочани
  14. Јована Захариева заменик делегат на Локално Собрание на млади од Црвен Крст- Општинска организација Кочани
  15. Александар Алексов делегат на Локалното Собрание на млади од „Авангарда“ – Младинска организација (средношколска организација од СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани)
  16. Илија Охомуш заменик делегат на Локалното Собрание на млади од „Авангарда“ – Младинска организација (средношколска организација од СОУ„Гошо Викентиев“ – Кочани)
  17. Надалина Грозданова делегат на Локалното Собрание на млади од „Единство“ – Младинска организација (средношколска организација од СОУ „Љупчо Сантов- Кочани)
  18. Снежана Трифунова заменик делегат на Локалното Собрание на млади од „Единство“ – Младинска организација (средношколска организација од СОУ „Љупчо Сантов- Кочани)

 

 

На седницата како претседавач на Локалното Собрание на млади беше избрана Надалина Грозданова, а беа избрани и по тројца делегати за формирање на работните тела на Собранието односно Комисијата за верификација и Комисија за изработка на Деловник за работа на Локалното Собрание на млади на Општина Кочани.

 

За следење на целокупниот процес за изборот на членовите на Локалниот младински Совет, верификационата комисија на Локалното Собрание на млади е во следниот состав: Тамара Постолова, Кирил Мастев и Александар Алексов

 

Освен оваа, изберена е и комисија која до првата седница на Локалнот Собрание на млади има за задача да подготви Деловник за работа на Собранието, а комисијата е во следниот состав: Ана Карова, Ѓоко Наков, Давид Христов.

 

Членовите на Локалното собрание на млади ќе работат на спроведување на активностите на Собранието и ќе учествуваат во подготовка на документи и други активности, ќе работи на креирање на структурата на телата и на промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво.

 

Задача на членовите на Локалното собрание на млади е во соработка со претставниците од Општина Кочани, да распише јавен повик и да избере членови на Локалниот младински Совет на Општина Кочани по пат на непосредни избори со тајно гласање, во кое право на глас ќе имаат делегатите од Локалното собрание на млади.