КОНКУРС

за учество на жени на обука за

Брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи

Фондација ЦЕЕД Македонија во соработка со Општина Кочани објавува конкурс за учество на жени жителки на Општина Кочани на Обука за брендирање, пакување и продажба на земјоделски производи.

Обуката се организира како дел од проектот на UN Women – „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.

За учество на обуката може да се пријават сите заинтересирани кандидатки кои ги исполнуваат следниве критериуми: 

Времетраење и број на учеснички Критериуми за учество

 

2 дена – онлајн*

 

20 учеснички

 

 

– Невработена или вработена во земјоделскиот сектор

– Има идеја за започнување на сопствен бизнис во земјоделскиот сектор, или

– има сопствен бизнис во земјоделскиот сектор или е ко-сопственичка на таков бизнис (предност ќе имаат бизниси не постари од 5 години)

– На возраст 18+ години

– Минимум завршено средно образование

– Жителка на општина Кочани

 

 * За учество на оваа обука, потребно е да се има компјутер, лаптоп или таблет и интернет пристап. Доколку сте заинтересирани за учество, а ги немате овие услови, контактирајте со одговорното лице во вашата општина за поддршка.

 Оваа обука има две основни цели:

  • подобрување на пристапот до пазарот на труд и зголемување на конкурентноста на жените на пазарот на труд, преку подобрување на нивните бизнис вештини и вештините за вработување и самовработување.
  • Подобрување на конкурентноста на пазарот на компании предводени од и/или во сопственост на жени.

Обуките ќе се спроведуваат во првата половина на месец ноември 2022.

Сите заинтересирани кандидатки можат да се пријават за учество на обуките по електронски пат, на следниот линк или со директно поднесување на апликацијата до општината.

Доколку сакате да поднесете апликација директно во вашата општина, контактирајте со одговорното лице во општината:

Кочани пријава Љубинка Ајтовска ajtovska@mail.com  072 306 081

Рокот за пријавување е 2 ноември, 2022 година до 16:00 часот.

 Покрај горенаведените критериуми, при изборот на учесничките ќе се следи принципот „прва пријавена – прва услужена“.  Особено се охрабруваат да се пријават жени од ранливи категории (самохрани мајки, жени од рурални средини, жртви на семејно насилство, жени со попреченост, итн.)