Врз основа на член 5 став (2) од Правилникот за доделување на стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани бр.09-2250/1 од 15.12.2017 година донесен од Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.13/2017), Градоначалникот на Општина Кочани на ден 03.2018 година објавува

Конкурс за доделување стипендиja на спортист – спортска надеж на општина Кочани

Општина Кочани доделува 1 (една) стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2017та година.

Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно.

Стипендијата се доделува за време од 6 (шест) месеци, во текот на 2018 година.

Исплатата на стипендијата ќе се врши почнувајќи од месец Април и завршува со месец Септември 2018 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.