Врз основа на член 5 став (2) од Правилникот за доделување на стипендии на спортист-спортска надеж на општината Кочани бр.08-498/1 од 23.02.2010 година, Правилник за измена на Правилникот за доделување на стипендии на спортист-спортска надеж на општината Кочани бр.01-58/1 од 04.01.2011 година, Градоначалникот на општина Кочани распишува
Конкурс за доделување на 1 (една) стипендиja на спортист – спортска надеж на општина Кочани
Општина Кочани доделува 1 (една) стипендија на спортист – спортска надеж на општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2015та година.
Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно.
Стипендијата се доделува за време од 6 (шест) месеци, во текот на 2016 година.
Исплатата на стипендијата ќе се врши почнувајќи од месец Април и завршува со месец Септември 2016 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2016 година.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои се:
1. Жители на општина Кочани;
2. На возраст од 17-20 години;
3. Членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенција за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт;
4. Членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години;
5. Спортисти во индивидуални спортови врз основа на остварени спортски резултати според утврдена Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од страна на националната спортска федерација;
6. Спортисти во екипни спортови врз основа на составот на Репрезентациите до 20 години според утврдена Ранг-листа на најуспешните млади спортисти до 20 години од соодветниот спорт, подготвени од страна на националните спортски федерации.
7. Учесници на национални или меѓународни систем натпревари во некои од следните спортови:
– борење
– велосипедизам;
– гимнастика;
– карате;
– кошарка (машка и женска) ;
– скијање;
– тенис;
– триатлон;
– фудбал (машки и женски); и
– шах.
II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:
За доделување на стипендија се утврдени следните критериуми:
1. За учество на национални систем натпревари 5 бода;
2. За освоено место на национални систем натпревари:
– I место 15 бода;
– II место 10 бода;
– III место 5 бода;
3. За учество на меѓународни систем натпревари 10 бода;
4. За освоено место на меѓународни систем натпревари:
– I место 20 бода;
– II место 15 бода;
– III место 10 бода;
5. За приложен Календар со предвидени идни учества на спортски натпревари во национални или меѓународни системи 10 бода;
III. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Потребни документи за пријавување
Пријава од кандидатот со назнака „Пријава по Конкурс бр.08-2555/2 “ (се пополнува Образецот на пријавата која следи кон објавениот Конкурс),
Кратка биографија на кандидатот – CV ,
Фотокопија од Решение за упис во регистерот на Агенцијата за млади и спорт на спортското друштво, клубот или асоцијацијата каде членува кандидатот;
Фотокопија од лична карта на кандидатот;
Уверение од Националната спортска федерација (НСФ) за постигнати резултати на кандидатот во спортски натпревари од републички или меѓународен карактер;
Календар од НСФ за идни учества на кандидатот на спортски натпревари од национален или меѓународен карактер (доколку има);
Рок на пријавување: од 04.01.2016 година до 15.01.2016 година.
Пријавата на кандидатот со потребната документација се доставуваат до Едношалтерска канцеларија на општина Кочани или
по пошта на адреса:
Општина Кочани, ул.“Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани.
Градоначалник
на Општина Кочани
Ратко Димитровски