Општина Кочани доделува 2 (две) стипендии на спортисти – спортска надеж на Општина Кочани за остварени спортски резултати и достигнувања во 2021 година.

Стипендијата-спортска надеж на општина Кочани се доделува на една спортистка и еден спортист.

Износот на поединечната стипендија изнесува 3.000,00 денари месечно.

Стипендијата се доделува за време од 10 (десет) месеци, во текот на 2022 година.

Исплатата на стипендијата ќе се врши почнувајќи од месец март и завршува со месец декември 2022 година. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот на Општина Кочани за 2022 година.

 

Повеќе информации на линкот подолу.