КОМИСИЈА ЗА КОМУНАЛНИ РАБОТИ,ПЛАНИРАЊЕ И УРЕДУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ И ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА
Комисија за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата ги разгледува прашањата во врска со урбанизмот, уредувањето на градежното земјиште, прашањата од работата на јавните служби, прашањата од комуналното уредување на градот и населените места и прашања од заштитата и унапредувањето на животната средина (заштита од загадување на воздухот и водата и спречување на штетната бучава) и други прашања и по нив му дава предлози и мислења на Советот.

Членови на комисија:

  1. 1. Влатко Здравков – претседател
    2. Ивица Јорданов
    3. Сашко Иванов
    4. Иван Мишев
    5. Гоце Димитров           
КОМИСИЈА ЗА КУЛТУРА,ОБРАЗОВАНИЕ И СПОРТ И ПРАВА НА ДЕЦАТА
Комисијата за култура, образование и спорт во рамките на правата и должностите на Општината, ги разгледува прашањата од областа на културата и по нив дава иницијативи, мислења и предлози до Советот, во врска со остварувањето на програмски дефинираните активности, развојот на установите, можностите за основање, финансирање на изградбата, опремување и одржување на установите во согласност со закон, прашањата што се однесуваат на основањето, финансирањето на изградбата, опремувањето и одржувањето на установите од областа на спортот, предучилишното воспитување, основното и средното образование, основната здравствена заштита и други прашања од областа на општествените дејности и по нив му дава мислења и предлози на Советот.
Членови на комисија:

1. Александар Андов – претседател
2. Сашко Иванов
3. Љубчо Ѓорѓиевски
4. Влатко Здравков
5. Александра Соколова

КОМИСИЈА ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ
Комисијата за земјоделство ги разгледува прашањата од областа на земјоделството.
Членови на комисија:

1. Гоце Димитров-претседател
2. Ивица Лазаров
3. Филип Цветанов
4. Лазо Митев
5. Петар Медарски

КОМИСИЈА ЗА ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Комисијата за здравство и социјална заштита ги разгледува прашањата од надлежност на Општината, а кои се однесуваат на здравството и социјалната заштита и заштита на децата.
Членови на комисија:

1. Александра Коцева– претседател
2. Аки Акиов
3. Лазо Митев
4. Марија Ананијева
5. Љубчо Ѓорѓиевски

 

КОМИСИЈА ЗА СТАТУТ И ПРОПИСИ

Комисијата за статут и прописи го утврдува предлогот на Статутот на Општината, ги разгледува иницијативите и предлозите за измена и ја следи неговата примена и ги разгледува начелните прашања од статутарен карактер. Го утврдува предлогот на Деловникот на Советот.

Поднесува предлог мислења по предлог законите кои се однесуваат на Општината.

Разгледува и други општи акти од надлежност на Советот на Општината.

Членови на комисија:

1. Ивица Јорданов – претседател
2. Филип Цветанов
3. Ивица Лазаров
4. Александар Андов
5. Марија Ананијева

КОМИСИЈА ЗА МАНДАТНИ ПРАШАЊА ИЗБОРИ И ИМЕНУВАЊА

Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат на мандатно имунитетните прашања.

Разгледува и подготвува предлози за избор и именување и разрешување од надлежност на Советот на општината.

Членови на комисија:

1. Петар Медарски
2.Филип Цветанов
3.Марија Ананијева
4. Александар Андов
5. Александра Коцева

КОМИСИЈА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА
Комисијата за прекугранична соработка разгледува прашања и материјали поврзани со активности за регионална и прекугранична соработка на органи и институции на Општина Кочани, покренува иницијативи за остварување на регионална соработка и соработка на Општина Кочани со општини надвор од земјата и го информира Советот на Општина Кочани за тоа.
Членови на комисија:

1. Љубчо Ѓорѓиевски – претседател
2. Аки Акиов
3. Сашко Иванов
4. Александра Соколова
5. Милена Јанева

КОМИСИЈА ЗА ФИНАНСИИ, БУЏЕТ И ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Комисијата за финансии и буџет и локален економски развој ги следи, разгледува и анализира појавите, проблемите и прашањата во врска со финансирањето на функциите на Општината, ги разгледува нацртот и предлогот на буџетот и завршната сметка на буџетот, ги следи состојбите со остварувањето на изворните приходи на Општината и остварува увид во реализацијата на планираните расходи, разгледува прашања од областа на локалниот економски развој и предлага мерки од делокругот на нејзиното работење.
Членови на комисија:

1. Александар Андов- претседател
2. Никола Крстев
3. Ивица Лазаров
4. Лазо Митев
5. Мануела Саидова

КОМИСИЈА ЗА СООБРАЌАЈ, ЈАВНА БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА
Комисијата за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита, ги разгледува прашањата од надлежност на општината, а кои се однесуваат на јавната безбедност, безбедноста во сообраќајот и противпожарната заштита.
Членови на комисија:
  1. Влатко Здравков – претседател                  
  2. Сашко Иванов                                   
  3. Никола Крстев 
  4. Александра Соколова                   
  5. Гоце Димитров
КОМИСИЈА ЗА ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ НА ЖЕНИТЕ И МАЖИТЕ

Членови на комисија:

1. Мануела Саидова- претседател
2. Александра Коцева
3. Марија Ананијева
4. Иван Мишев
5. Љубчо Ѓорѓиевски