
Главна инспирација за претставата е книгата “The Lucifer Effect” на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира начините и методите преку кои системот и ситуацијата влијае на дехуманизацијата и деиндивидуализацијата на индивидуата, притоа постепено насочувајќи ја индивидуата да извршува злосторства „во име“ на системот.
Режијата е на Јане Спасиќ, а во претставата настапува одлична, млада актерска екипа: Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Мартин Јорданоски, Симона Спировска Костовска, Матеја Јанковска, Марија Јанчевска, Михаел Стојановски.
Сценографијата е на Кирил Василев, а костимографијата на Бранкица Јорданоска. Продуценти на претставата се Филип Николовски, Наташа Петровиќ и Радослав Гогушевски.
