Врз основа на член 10, член 30, член 48 и член 49 од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Правилник за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на спроведување на административна селекција и интервјуто како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24), а согласно Правилникот за систематизација на работните места во општинската администрација на општина Кочани (бр.01-868/1 од 27.04.2016 година, бр.01-2069/1 од 22.11.2017 година, бр.01-898/1 од 04.04.2018 година, бр.01-1336/1 од 04.06.2018 година, бр.04-1680/1 од 18.07.2018, бр.04-2377/1 од 08.11.2018 година, бр.01-1018/1 од 07.04.2021 година, бр.01-1273/1 од 03.06.2022 година, бр. 01-1158/1 од 08.06.2023 година, бр. 01-2301/1 од 27.12.2023 година, бр. 01-1019/1 од 17.06.2024 година, бр. 01-241/1 од 29.01.2025 година, бр. 01-435/1 од 07.03.2025 година) в. д. Градоначалник Општина Кочани објавува
И Н Т Е Р Е Н О Г Л А С БР.02/2025
за унапредување на 2 административни службеници во
Општинската администрација на Општина Кочани
Општина Кочани, објавува Интерен оглас за унапредување на 2 (два) административни службеници, за работно место:
- Советник за примена на прописи, постапки и стандарди за човечките ресурси во Одделение за управување со човечки ресурси, Сектор за управување со човечки ресурси и поддршка на Градоначалник, шифра УПР 01 01 В01 000 – 1 извршител, на неопределено работно време кој ќе ги врши работните задачи за определеното работно место, со нето плата 39.203,оо денари;
Општите услови утврдени со Законот за административни службеници, друг посебен закон или колективен договор кои треба да ги исполнуваат кандидатите за административни службеници се:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки: Право
– најмалку три години работно искуство во струката.
Потребни општи работни комепетенции на напредно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 07:30 до 15:30
- Советник за урбанистичко и просторно планирање во Одделение за урбанизам и заштита на животната средина, Сектор за урбанизам, заштита на животната средина и комунални работи, шифра УПР 01 01 В01 000 – 1 извршител, на неопределено работно време кој ќе ги врши работните задачи за определеното работно место, со нето плата 39.203,оо денари;
Општите услови утврдени со Законот за административни службеници, друг посебен закон или колективен договор кои треба да ги исполнуваат кандидатите за административни службеници се:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– за нивото В1 ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Архитектура, урбанизам и планирање
– најмалку три години работно искуство во струката.
Потребни општи работни комепетенции на напредно ниво:
– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
– учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
– Работни денови: понеделник-петок
– Работни часови неделно: 40
– Работно време: од 07:30 до 15:30
На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен во Општина Кочани, кој покрај општите и посебните услови за пополнување на работното место треба да ги исполнува и следните услови:
- да е оценет со оцена „ А ” или „ Б “ при последното оценување на кое бил оценуван,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на истото ниво и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас
Кандидатите кон Пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и / или
- потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за пријавување на Интерниот оглас е од 14.05.2025 година и трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архивата на Општина Кочани адреса: ул.Раде Кратовче бр.1, 2300 Кочани до Одделението за управување со човечки ресурси и до електронската адреса: hr@kocani.gov.mk
Ненавременета, нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување, а кандидатот кој ќе внесе лажни податоци, ќе биде дискфалификуван од натамошната постапка по овој оглас.
Во Пријавата кандидатите се должни под матерјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријатата се точни, а доставените докази верни на оргиналот.