Во согласност со доделената линија: с.Оризари-м.в.„Бавчалук“-хотел „Национал“ и обратно, за вршење линиски превоз на патници на подрачјето на градот Кочани, Општина Кочани објавува

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат граѓаните дека превозникот Авто-Атом ДОО Кочани почнувајќи од 15.03.2016 година ќе врши градски превоз (на пробен период од 3 месеци) и во населбата Усова Чешма, при што се опфатени улиците „Македонска“ и „Руен“ со следните постојки: Македонска 1, Македонска 2 и Руен.

Општина Кочани ќе изврши прописно обележување на горенаведените постојки со сообраќајни знаци, а возниот ред ќе биде поставен на сите постојки за да биде достапен на сите граѓани.

Дополнителни информации може да побарате од овластениот инспектор за сообраќај Ѓорѓи Наков на тел.072-306-079 и од Претседателот на Урбана заедница 1- Јасминка Крстова на тел.076-376-791.

Општина Кочани