Жителите на Општина Кочани кои имаат материјална штета предизвикана од невремето (пороен дожд со град) што зафати делови од подрачјето на општина Кочани на 23 јули 2023 година, можат да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди (град), најдоцна до 9 август 2023 година.
Пријавата за штета може да се подигне од Eдношалтерската канцеларија во Oпштината или да се преземе од веб-страницата на Општина Кочани.
Кон пријавата треба да се приложат:
- копија од лична карта
- копија од трансакциска сметка
- фотографии од настанатата штета (отпечатени на хартија)
- фотокопија од имотен лист
- фотокопија од договор за закуп.