Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов денеска се сретна со Владимир Крстов, претставник на Општина Лајонс, Чикаго, САД, со кого разговараа за иницијативата за збратимување на двете општини.
Со Крстов, кој по потекло е од Кочани, а живее и работи во Чикаго, првично ги разгледуваа можностите за соработка и спријателување на македонската со американската општина.
Се очекува наскоро во Кочани да допатува градоначалникот на Лајонс Кристофер Гети, за да се реализира иницијативата за збратимување.