Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ја прими целокупната техничка документација за изградба на шест улици во Кочани, од Проектната единица нa Проектот за подобрување на општинските услуги.
– Општина Кочани доби изработена техничка документација за реконструкција на улиците „Македонска“, „Партизанска“, „Гоце Делчев“ и за „Киро Кикенски“, како и за изградба на улиците „Кирил Ѕ’мбов“ и „Новопроектирана 4“ на Пониква. Тоа значи дека сме подготвени да градиме уште 6 км улици во Кочани – соопшти градоначалникот Илијев по примопредавањето на документацијата во Министерството за финансии.
Општина Кочани достави апликација за подготовка на техничка документација за овие локални улици односно патишта согласно дополнителниот јавен повик кон повикот на Министерството за финансии преку Проектот за подобрување на општинските услуги – Проектна единица за подготовка на техничка документација – основен проект за локални патишта и улици во општините во Република Северна Македонија што беше објавен во мај минатата година.