На 90-ина дела изработени на природен материјал, дрво; бука, јасика, јасен и топола, во техника наречена пирографија се претставени светители од христијанската религија: св. Петар и Павле, Пресвета Богородица, св. Јован Крстител, св. Арганхел Михаил, св. Никола, од кои повеќето се во неколку различни варијанти.
За изложените дела и техниката на работа говореше директорката на „Искра“ Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, а изложбата ја отвори Неговото преосвештенство, митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Според авторот Анчов, да се изработи уметничко дело со лик на светец е работа која со себе носи голема одговорност, бидејќи делото треба да изгледа достоинствено и да претставува творештво кое ќе ја изразува христијанската вера во Бог и во светителите.
Влатко Анчов е роден во Кочани и е пензиониран старешина во АРМ. Пирографијата како уметнички израз е негово хоби повеќе од 10 години. Досега има изработено повеќе од 250 дела, а ова е негова втора самостојна изложба.