Во рамките на Европските денови на културно наследство 2015, Археолошкиот музеј на Македонија – депанданс Кочани организира изложба на фотографии наградени на меѓународниот конкурс за фотографија од културното наследство.
Отворањето е во вторник, на 29 септември, со почеток во 13 ч. во Етнокуќата во Кочани. Изложбата е дел од програмата „Денови на кочанскиот ориз 2015“.