Според Програмата за уредување на градежното земјиште за тековната година, со почетокот на сезоната за асфалтирање ќе се работи на изградба и реконструкција на четири улици во градот.

Асфалт ќе биде поставен на 430 метри на улицата „Митко Ѓорѓиев“, во населбата Усова Чешма и на 90 метри од улицата „Димитрија Лазаров“ во Белското Маало. На оваа улица ќе се реконструира и нејзиниот приклучок, каде ќе се обнови асфалтот на површина од 105 метри квадратни. На двете улици одводнувањето ќе биде решено со сливни решетки.

Реконструкција им претстои и на улиците „Никола Вапцаров“ и „8 Септември“.

Градежните работи на „Никола Вапцаров“ ќе зафатат споеви со улиците „Кирил Ѕ’мбов“,  „Тодосија Паунов“, како и тротоари  од левата и десната страна на „Никола Вапцаров“. Асфалт ќе биде поставен на површина од 1 860 метри квадатни, а нови плочки на тротоарска површина од 2 840 метри квадратни. На улицата „8 Септември“ ќе биде реконструиран асфалт на 900 метри квадратни.

Јавната набавка за избор на изведувач е во тек, а средствата за изградба и реконструкција на овие улици се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.