По вчерашниот повеќечасовен прекин на водоснабдувањето низ територијата на целата општина, извршено е преспојување на првиот реконструиран дел на главниот цевковод во близина на бунарскиот систем кај главната пумпна станица ,,Грдовски орман“.
Извршената замена на главниот потисен цевковод опфаќа реконструкција од Грдовски орман до Клучка 1, во должина од 2.200 метри. Реализацијата на овој проект придонесува намалени загуби и подобрен квалитет на водата.