Одборот за организирање на манифестацијата  „Денови на кочанскиот ориз – 2022“ објави конкурс за избор на најуспешен земјоделец на општина Кочани.

Наградата е парична и изнесува 60 илјади денари.

Условите, критериумите за доделување на наградата и начинот за пријавување се објавени на огласната табла и на веб-страницата на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.

Крајниот рок за поднесување на пријавите е до 4 октомври 2022 година до 15 часот.