Според измените на Законот за даноци на имот, овде спаѓаат сите земјоделски, градежни, шумски земјишта и пасишта, како и сите едностанбени и повеќестанбени објекти за домување, гаражи, деловни згради и деловни простории, други објекти како инсталациите подигнати врз нив или под нив и трајно споени со нив.
Физичките и правните лица кои нема да ги пријават земјиштата и објектите што не ги користат или не ги издаваат под закуп подолго од шест месеци во текот на една година, ќе бидат задолжени со данок на имот по стапка пет пати повисока од пропишаните стапки.
Со оваа законска обврска на граѓаните, Општина Кочани преку Одделението за даноци, такси и надоместоци има за цел да го усогласи своето работење со Законот за изменување и дополнување на Законот за даноци на имот.