Почитувани Клиенти,

Во прилог на оваа порака Ви доставуваме список на места во Република Македонија во кои снабдувањето со електрична енергија ќе биде плански прекинато во текот наведените термини, заради интервенции во мрежата од страна на операторот на дистрибутивниот систем.

Љубезно Ве молиме да го прегледате планот на прекини според адресата, датумите и часот на прекини и да не’ известите дали некои од Вашите мерни места ќе бидат засегнати со овие плански прекини во мрежата. Исто така Ви советуваме да не’ известите ако некое од вашите критични мерни места е засегнато со овие плански исклучувања. Доколку имате такви мерни места каде што планското исклучување е премногу доцна најавено и за вас тоа би причинувало зголемување на трошоците или дури и штети во работењето, Ве молиме итно информирајте не’, а ние ќе се обидеме да договориме со операторот на системот нов датум за тие мерни места, без гаранција дека нов датум би бил прифатен од операторот.


Со почит,

Тимот на ЕДС