Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, препораките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство за спроведување на превентивна терестичка дезинсекција на подрачјето на општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, Општина Кочани го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните, пчеларите и јавните институциите во општина Кочани дека на 7-ми и 8-ми Септември 2021 година во раните утрински часови стручна екипа на Центарот за јавно здравје Кочани ќе ја спроведе превентивно терестичко (земјено) дезинсекционо третирање за заштита од комарци.
Во оваа фаза од дезинсекција ќе бидат опфатени 300 хектари на локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето ќе се изведува со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање на комарци одобрен од Бирото за лекови: Deltametrin.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), дезинсекцијата ќе се одложи за извршување во нареден поволен период.
Кочани, 02.09.2021 година
Општина Кочани
Одделение за јавни дејности