Јавното претпријатие за државни патишта ја известува засегнатата јавност дека планира да реализира Проект за “Рехабилитација на државен пат A3, делница: Превалец (Кочани) – Делчево”, во должина од околу 30, 5 км.
Финансирањето на овој проект се планира да се да се обезбеди со средства од меѓународни финансиски институции (Светска Банка), според чии барања во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти, во фазата на подготовка на Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина потребно е да се организира јавна консултација со засегнатите страни и локалното население на населените места долж делницата.
Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина е достапен на увид во просториите на ЈП за државни патишта и во општината Делчево, како и на нивните интернет страници: www.delcevo.gov.mk и www.roads.org.mk .
Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти и План за управување со животната средина за наведениот проект, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во:
Општинa Делчево на 07.10.2015 година (среда) со почеток во 12:00 часот во просториите на фоајето на спомен дом АСНОМ во Делчево.
Лица за контакт:
Јавно претпријатие за државни патишта
Сашка Богданова Ајцева
Тел: 02/3118 044 лок.135
E-mail: saska@roads.org.mk
Општина Делчево
Тања Стојковска
Моб: 075367943
info@delcevo.gov.mk