До сите заинтересирани економски оператори
Известување за извршена измена во објавен оглас за јавна набавка
Во врска со објавениот оглас бр.05-62/7/2015 за јавна набавка на работи за:
Реконструкција и модернизација на уличното осветлување во градот Кочани и дел од с.Оризари, (со вклучена демонтажа на постоечките светлински арматури и набавка и монтажа на нови ЛЕД светлински арматури со одржување)
објавен на Електронскиот Систем за Јавни Набавки- https://e-nabavki.gov.mk/ на ден 14.01.2015 г., во Службен весник на РМ. и во Службеното гласило на ЕУ (Tenders Electronic Daily), линк- http://ted.europa.eu на ден 21/01/2015, S14 Candidate countries – Works – Contract notice – Open procedure ,
Ве известуваме дека, во согласност со Законот за јавните набавки, извршена е измена во тендерската документација за објавениот оглас и е направено појаснување по истата. За преземените дејствија се изготвени дописи и прилози и истите се објавени на ЕСЈН. Поради овие причини, Ве известуваме дека е изменет датумот утврден како краен рок за доставување на понуди.
Новиот рок за доставување на понуди е: 09.03.2015 г. во 12:00 ч.
Јавното отворање на понудите ќе се одржи на ден 09.03.2015 г. во 12:00 ч., во просториите на Општина Кочани, ул.„Раде Кратовче“ бр.1, Кочани.
Тендерската документација за предметот на набавка може да ја преземете без надоместок од Електронскиот систем за јавни набавки.
За подетални информации побарајте ги лицата означени како контакт лица и тоа:
Лица за контакт во врска со техничката спецификација:
– Влатко Димитров тел.072-275-603 и
– Александар Санев – надворешно стручно лице во постапката- тел.070/200-157
Лице за контакт во врска со спроведувањето на постапката за јавна набавка:
– Анна Кралева тел. 072-275-627