Од утре ќе се асфалтира дел од улицата „Раде Кратовче“, односно делот на улицата од ОУ „Раде Кратовче“ до раскрсницата каде што се спојува со улица „Питу Гули“. Асфалтирањето ќе опфати крак од ул.„Питу Гули“ и крак од ул.„Коста Рацин“.

Во интерес на безбедно и брзо завршување на градежните работи потребно е возилата да не се паркираат на наведените улици, да се почитува сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот, намалена брзина на движење и зголемено внимание од страна на сите учесници во сообраќајот.