До

Организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати од Државната изборна комисија, за избор на пратеници во Собранието  на Република Северна Македонија

И З В Е С Т У В А Њ Е

Почитувани,

Ве известуваме дека, согласно Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување на места за истакнување на изборни плакати и утврдување на услови за добивање на право за користење на местата за истакнување на изборни плакати на подрачјето на Општина Кочани („Сл.гласник на Општина Кочани“бр.6/06), на ден 26.06.2020 година, со почеток во 12.00 часот во салата на Советот на Општина Кочани (сaла за венчавање), Општинската администрација ќе изврши ждребување за определување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок, на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на парламентарните избори – 2020 година,  на места определени со Одлуката на Советот на Општина Кочани.

Организаторите на изборна кампања за да можат да  учествуваат на ждребувањето, покрај потврдени листи, потребно е до Градоначалникот на Општина Кочани да поднесат барање за користење на местата за истакнување на изборни плакати, најдоцна до 26.06.2020  година, до 11.30 часот. Одлуката можете да ја видите на следниот линк.