
Општина Кочани во соработка со Сојузот на спортови – Кочани и Асоцијацијата на новинари – Кочани ја организира манифестацијата Избор на спортист на годината.
На манифестацијата се избираат: најдобар спортист, најдобар млад надежен спортист, екипа, тренер и спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а при изборот пресудни се постигнатите резултати и добиените признанија за освоени места (од турнири, државни и меѓународни натпревари).
Прогласувањето на науспешните во спортот е на свеченост што ја организира Општина Кочани на крајот на јануари.
За најуспешен спортист во 2014 година беше прогласен каратистот на КК „Партизан“, Мартин Стојменов, исто како и во 2013 и 2012 година; во 2011 – за спортист на годината беше избран каратистот Адил Мехмед; a во 2010, 2009 и 2008 – велосипедистот Јоже Јованов.
