Од денеска Иван Иванов е новиот в.д. директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани. Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Андреј Киров. Во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов утрово беше извршено примопредавање на раководната позиција.
– Денес е прв ден од моето назначување за вршител на должност за раководител на КЈП „Водовод“ – Кочани. Денот ќе го искористам во запознавање, односно скенирање на состојбата на претпријатието, запознавање со вработените. Предизвикот да се биде на оваа функција е голем, одговорноста е уште поголема. Ќе го вложам целото мое знаење и умеење „Водовод“ да го направам европска фирма, а граѓаните на Општина Кочани ќе ги добиваат потребните услуги кои ќе ги испорачува ова претпријатие – истакна новоназначениот директор Иванов.
Според Андреј Киров, КЈП „Водовод“ го предава на новото раководство во одлична материјално-финансиска состојба.
– Од денес КЈП „Водовод“ има нов директор, јас сум внатрешно лице и останувам овде каде што ќе бидам од помош на новите лица и новата менаџерска структура во „Водовод“. Претпријатието има реализирано значајни инвестиции и очекувам и во иднина да продолжи така – соопшти Киров на предавањето на највисоката позиција во КЈП.