Во рамките на повеќедневниот престој во Македонија, педесет и пет земјоделки, членки на Федерацијата на жени фармери од Република Словенија, денеска остварија средба со жителки од Оризари.

На средбата се разговараше за предизвиците во земјоделството и можностите за размена на искуства, а Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“ подготви презентација на традиционална храна.

Гостите од Словенија ги поздравија градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и претседателот на Советот Лазо Митев, кои ја истакнаа подготвеноста за поддршка на иницијативите за заедничка соработка, сѐ со цел за подобрување на економската моќ на жените.

Ова е трета група земјоделки од Словенија, која предводена од Дарко Спасов го посетува Кочани како земјоделски крај и стреми за поврзување и соработка на жените од руралните подрачја.