Вчера, Општина Кочани засади 50 повеќегодишни и висококвалитетни дрвја во градското подрачје од видот на јавор, јасен, индиски јоргован и бреза. Засадени се на потегот на тротоарската површина и разделното зеленило на булеварот „Теодосија Паунов“, булеварот „Стево Теодосиевски“ и во Градскиот парк.
Дел од садниците се компензациско садење за оние кои ќе бидат отстранети од локацијата кај „Тера Маркет“, кадешто е предвидено партнерно уредување.
Ваквите акции на компензациско садење, но и пошумување на опожарените предели во околината на градот ќе продолжат и во периодот кој следува.