Согласно Програмата за животна средина, денеска на локацијата кај Детскиот парк во месноста викана Калиманова глава на улица „Роза Петрова“, беа засадени нови 43 садници, од кои 28 зимзелени и 15 листопадни дрвја.
Станува збор за висококвалитетни и повеќегодишни садници.
Во засадувањето и уредувањето беа вклучени вработените од КЈП „Водовод“ и Општина Кочани, комуналниот инспектор, градоначалникот Љупчо Папазов, со логистичка поддршка од ТППЕ Кочани.
Се апелира до граѓаните грижливо да се однесуваат кон новите садници и животната средина и секое уништување на зеленилото ќе биде соодветно санкционирано.