Во рамките на активностите планирани се запознавања со ромската култура за учениците од основните училишта, активност што го организира Здружението „Подготви го својот пат“. В среда, 4 април, од 11 ч. во Спортската сала „Никола Карев“ Здружението на Роми „Авена“ ќе организира и турнир за основци во мал фудбал.
В среда, во 10:30 ч. во Спорткста сала „Никола Карев“ ќе биде приредена програма од проектот „Инклузија на деца Роми во градинките“ со големите групи од Детската градинка „Павлина Велјанова“.
В четврток во 9:30 ч. градоначалникот Николчо Илијев ќе прими делегација од ромски граѓански активисти.
Во одбележувањето на Светскиот ден на Ромите се вклучува и Здружението „Светла иднина“ кое в среда во Паркот на Револуцијата организира изложба на традиционални занаети и јадења за ромската заедница и културно-уметничка програма на која ќе настапат фолклорни, музички и ритмички состави од Кочани.
На 5 април, во 18 ч. во ресторанот „Але-дар“ ќе бидат промовирани значајни достигнувања на Роми во различни области.