На 28 и 29 јуни се реализира првото пријавување од првиот уписен рок во двете средни училишта во Кочани.

Градоначалникот Ратко Димитровски ги посети училиштата и направи увид на текот на активностите.

– Од посетата регистрираме дека нашите установи се добро организирани за да ги прифатат учениците коишто треба да го продолжат образованието овде – рече Димитровски.

– Во СОУ „Љупчо Сантов“ запишуваме ученици во гимназиски и во економски паралелки – четири гимназиски, четири економски по 136 ученици. Ние се надеваме дека ќе запишеме 8 паралелки со по 25 ученици. Новитет е дека сега во гимназиското образование учениците ги избираат насоките уште во прва година, за разлика од порано кога тие ги бираат по завршувањето на втора година: дали ќе бидат природно-математичко, јазично-уметничко под А, под Б, општествено-хуманистичко под А и под Б – нашите ученици треба да се определат на пријавата.

Во средното техничко училиште „Гошо Викентиев“ е воведена нова насока двегодишно образование во електроструката – автоелектричар. Завршените основци овде можат да избираат од сообраќајната, електро и од машинската струка.

Резултатите од пријувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни. Второто пријавување во јунскиот испитен рок е на 5 јули, а пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок е на 24 август 2017 година.