Денес започна новата учебна 2024/2025 година за 3.560 ученици во основните и средните училишта во Општина Кочани, од кои 268 првачиња кои за првпат седнуваат во училишните клупи.
На првиот училишен ден градоначалникот Љупчо Папазов ги посети училиштата кои организираа свечен прием за првооделенците и им посака среќен почеток и успешна учебна година.
Оваа учебна година во основно образование настава ќе посетуваат 2.474 ученици од прво до деветто одделение во петте основни училишта во задолжителното образование, како и 143 ученици во основното музичко училиште, кадешто има 22 ученици запишани во прво одделение. Во двете средни општински училишта настава ќе посетуват 1.086 средношколци од кои 285 се запишани во прва година.
Согласно Програмата за поддршка на образованието, Општина Кочани обезбеди пакети училишен прибор за сите првоодделенци и за учениците во основно образование кои се под социјален ризик.