Активностите за рехабилитација на улицата „Гоце Делчев“ во Кочани деновиве продолжуваат со поставување на првиот слој асфалт од нејзиниот северен дел.

На делот од улицата кај Градскиот пазар во тек е тампонирање на коловозот и уредување на тротоарите. Улицата „Гоце Делчев“ се рехабилитира во должина од 690 м, а изведувач на работите е „Ескаватори“.

При уредувањето на оваа улица КЈП „Водовод“ изработи шахта за премин на водоводната линија преку реката.

Средствата се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку Светска банка.