На Пониква, пред влезот на одморалиштето на МВР, започна асфалтирањето на патниот правец Пониква – Кочани.
Истовремено, КЈП „Водовод“ работи на изведување сливна решетка за прибирање на атмосферските води, на патот од Туристичкиот инфоцентар „Пониква“. Во тек се и работите за поставување заштитна ограда на патеката за скијање 1, а веќе се поставени и јавните тоалети.
На Аеродромот на Пониква е извршено проширување кое ќе се користи за паркирање на возилата, нешто што му е посебно неопходно на овој Спортско-рекреативен центар.
Асфалтирањето на 10,4 км од делницата Пониква – Кочани се одвива во рамките на проектот за поправка и рехабилитација на државни делници преку Јавното претпријатие за државни патишта, за што се наменети 102 милиони денари.