Започнаа обуките за младите од Кочани, членови на Одборот на Младинската локална банка, кои изминативе два дена го креираа својот тим и си поделија тимски улоги. Преку интерактивни тимски игри успеаја подобро да се запознаат меѓусебно, а со помош на интересни методи ги утврдија приоритетните проблеми на младите од Кочани и почнаа со теренска работа. Тие ги посетија сите локации каде е можна појава на овие проблеми.
Во наредниот период ќе продолжи градењето на вештините за младинско учество и младински активизам на членовите на Одборот на локалната банка во Кочани.
Општина Кочани потпиша меморандум за соработка со здружението „Младите можат“ за реализација на проектот Младински локални банки кој им овозможува на членовите на Одборот на Младинската банка да дејствуваат како креатори на промени во локалната заедница.