Со изложбата на уметнички слики од кочански ориз и синапово зрно од велешанката Снежана Лазарова-Луна, во Етнокуќата во Кочани, започна 24 издание на манифестцијата „Денови на кочаснкиот ориз“.
Под наслов „Будење во внатрешноста“ Лазарова се претстави со дела изработени во посебна техника која таа ја именува луна, на кои се претставени сакрални објекти, светци, но и мотиви од природата и околината.
– Делата ги создава исклучиво со природни семиња од животодатен кочански ориз и библиско семе синапово. Од две крајно спротивни бои, создава хармонизирани и несекојдевни дела со различни мотиви, но подоцна со истражување и усовршување на технологијата, постигнува сиви нијанси, со што си обезбедува можност за широка лепеза на темите – рече Живко Поповски Цветин, рецензент на изложбата.
Уметницата истакна дека ова е иновативна и оригинална техника, единствена на нашиве простори, податна и од културен и од уметнички, но и од филозофски и религиозен аспект.