Во рамките на кампањата „Заедно ставаме крај на насилството врз жени и девојки“, на 24 декември во Кочани, Здружението „Еднакви за сите“ во соработка со Општина Кочани одржа средба со граѓанки од Кочани.
Присутните имаа можност да се информираат за достапните сервиси за поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство на локално и на национално ниво, за формите на насилство, а се дискутираше за постоечките механизми и се даваа предлози за подобрување на заштита и превенција од родово базираното и семејното насилство.
Кампањата „Заедно ставаме крај на насилството врз жени и девојки“ се спроведува во рамки на проектот „Поддршка на жените и девојки Ромки во спречување на родово базираното насилство“, која од 25 ноември до 25 декември се реализираше со поддршка на УНТФ.