Се асфалтира „Плачковица“, една од седумте улици планирани за реконструкција во градот од Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година.
На реконструкцијата ѝ претходеше замена на водоводната мрежа во должина од 300 м. Се заменија со нови, дотраените цевки со мал профил, со што се реши проблемот со недоволниот притисок и недостигот на вода во оваа градска зона, над Автобуската станица.
Со градежни работи за реконструкција се опфатени и два крака на улиците „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м и крак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м) и „9 Мај“ (570 м), а неодамна заврши асфалтирањето на улиците „Коста Рацин“ (220 м) и „Четврта македонска бригада“ (260 м).
Во наредниот период, со средства од Буџетот на Општина Кочани, ќе се асфалтираат и улиците „Борис Ефтимов“, каде се гради потпорен ѕид, како и улицата „Васил Главинов“.