Деновиве завршува асфалтирањето на улицата „Ѓорѓи Пулевски“. Механизацијата на Градежното претпријатие „Стојменов“ ги изведува финалните работи за покривање со асфалт на површина од 2605 м2.
Градежните активности ќе продолжат со асфалтирање на улицата „Блаже Поп Арсов“, каде претходно се бетонираа потпорни ѕидови и се постави атмосферска канализација.
За асфалтирање е подготвена и улицата „Кресненско востание“, каде во должина од 228 метри се постави одводнување, дренажа, решетка, шахти, а изведувачот „Бони интерградба“ од Штип ќе асфалтира површина од 1 550 м2.
Според Програмата за капитални инвестиции за 2019 година, со средства од основниот буџет на Општина Кочани е планирана изградба на повеќе улици во населени места, од кои јавните набавки се веќе завршени. Тоа значи дека во наредниот период ќе започнат работите за асфалтирање на улицата „Лазар Стоименов“ во Оризари, со должина од 718 м. На изградбата со поставување два слоја асфалт ќе работи „Стојменов“.
Завршена е и тендерската постапка за улицата „Михајло Арсов“, на влезот во селото Прибачево, каде ќе се постави асфалт на површина од 1600 м2. Таму ќе работи штипската градежна фирма „Бони интерградба“.
Во Тркање наскоро ќе се асфалтираат три крака од улицата „Маршал Тито“ во вкупна должина од 180 м.