Со асфалтирањето на вториот дел од улицата „Илинденска“, заврши рехабилитацијата на 400 метри од оваа сообраќајница во централното градско подрачје на Кочани.

Според стручните служби рехабилитацијата опфати и изградба на потпорен ѕид и на сливници за атмосферската вода.

Работите ги изведе градежната фирма „Стоименов“ од Кочани.

Средствата во висина од 1 милион и 500 илјади денари се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.